сè ми е на дофат на сетилата
птиците препарирани во знаци
чекањето на ширата да стане вино
твоите очи заробени во ламбата
еве тука, над вампирските приказни
и сонот со музички скалила
тие нежни навики на собата
да ме следи во ноќните средби
да ги избира духовите по малите прсти
сè ми е тука, на дофат и поглед
мистерии, земји и векови што следат
сè, само јас сум далеку од нив, а од себеси
сеќавањата на животот ме делат