Препев од англиски: Лидија Димковска
Порано мислев дека постои многу зло на светот,
но иако сум најнежна од пријателите, не можам на цветот во вазата
да не му ги згмечам ливчињата меѓу палецот и показалецот
за да бидам сигурна дека не се пластични.
Од неодамна почнав да се сомневам во самото постоење на злото.
Ми се чини дека сето зло е веќе сторено
додека да сфатиме дека битијата што ги раскрваруваме се вистински.