Требаше да станам лекарка
за да можам со сопствените очи
да го следам ЕКГ-то
и да потврдам дека грутката
е само обичен облак
што на соодветна температура
ќе се распрсне во обични солзи.
Но јас никому не сум му од корист,
а татко ми кој не може да заспие во сопствената постела
сега длабоко спие врз носилка
во една огромна сала.
Зошто ли дојде?
АвторИман Мерсал