Толку нечесни работи видов како сведител
толку човечки слабости и гнаси
што тоа ме поразува и понижува
и од тоа се срамам како човек
сеедно што сторителите не чувствуваат ништо
јас нивен сум сведок и, значи, соучесник
и затоа дури не можам ни да им погледнам во очи
оти од нив се срамам, ги презирам и не можам да им простам
а, пред сè, ни себеси што живеев покрај нив
ги гледав како се валкаaт и се јадат како свињи
не им одобрував, но пречесто сал ги игнорирав
и ако проговорев, тоа беше секогаш неминовно доцна.
Да, после сè, јас не требаше ни да се родам, не тие
не, секако, покрај нив, па макар и против нив
оти тие се вечни како мрак, а јас минлив случаен зрак –
ќе појдам да се скријам негде и да замолчам за навек