Жртвен јарец

/, Поезија/Жртвен јарец

Жртвен јарец

Жртвен јарец
Славејот пак меѓу нас
Крајот како нов почеток
Потсетник
Свидетел
Во потрага по генот
Орелот на прометеј
Остров на копно

Си го истегнав мускулот од десната рака
кревајќи ѝ го ранецот на една девојка во возот
Што ли само носеше во него?
Камења од Света Гора?

Јас, верно, еднаш го носев, него огромниот
што го најдов на пристаништето од Хилендар
додека цапав во плиткото чекајќи го бротчето за Јерихо
Беше толку разнобоен, скаменето виножито!

Го носев во ранецот со кола, воз и автобус сè до дома
Го ставив потем да ми ја легне туршијата во буре
но пукна кутриот камен, му прснаа обрачите виножито
од жал по морето, вистинскиот пресол

во воз за Прага, 2.12.1990

АвторБогомил Ѓузел
2018-08-21T17:22:17+00:00 март 1st, 1998|Categories: Блесок бр. 01, Поезија|