И ние стоевме
на брегот од едно езеро
во државата Минесота
и си игравме на плажата –
жена ми, ќерка ми и јас.
Точно на секој час
требаше да излегуваме
од водата,
а на секои пет минути
над главите
ни прелетуваа авиони.
Се замислив.
Како ли е возможно
да се најдовме тука,
толку блиску
до гнездото
на овие чудовишта
и одозгора
уште да тераме плажа?
Езерата во Висконсин
АвторИван Христов