Откако ги создаде
Земјата и народите,
Бог им вдахна дарба на занаетите:
дрводелците
да ги обработуваат деланките дрво,
ковачите да коваат
мали и големи шајки,
судиите да го разликуваат доброто од злото.
Потоа судијата Пилат
се согласи со неправедната пресуда,
дрводелците изделкаа крст
според човечката големина,
ковачите ги донесоа
своите шајки и шајчиња…
Луѓето ги обединија
сите свои вештини
и го распнаа на крст
Божјиот син.
Дом
АвторГеорги Константинов