Препев од бугарски: Лидија Димковска
Модар телевизор. Жолт мачор.
Влегувам. Го свлекувам мракот мокар.
Полека го собувам долгиот пат.
Црни снегулки во мене се топат.
Поздрав, насмев, мирис на лук…
Мојата Итака изгледа е тука.
Испружен на подот копнеам за спокој.
И не сум гениј. Не сум ни херој.
Растрчан на сите страни – исцрпен бев –
ништо не запомнив од овој ден.
Зјапам во екранот, се смеам со солзи.
Губам во шах, а вовчето ползи.
Потем постелата ме мами в сон.
Но лежам буден гледајќи вон –
посматрам мравјалник од златни ѕвезди…
А мачорот до мене задоволно преди.