Диван

Диван

Русите никогаш…
Арарат
Транзициска
Брдо
Рено 4
Серење
Музеј
Фатима и поетот
Раце
Диван
Кој прв се посомнева…
За мене…
Добрата поезија…
Круна
Долга песна

Најтешко е да се бориш
без битка,
без знамиња,
без бродови,
на отворено,
на отворено,
со студ,
без мраз,
со ветер,
без едра.
Најтешко е да се бориш
со себе,
во соба,
која не постои,
во држава,
без лик,
во сандак
без шајки,
во круна
без крал,
во бог
без сок,
во пот
без крв,
во сонце
без зраци,
со раце
кои носат крст
без жртва.

АвторЕсад Бабачиќ
2018-08-21T17:21:15+00:00 октомври 17th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 56|