Диван

Диван

Русите никогаш…
Арарат
Транзициска
Брдо
Рено 4
Серење
Музеј
Фатима и поетот
Раце
Диван
Кој прв се посомнева…
За мене…
Добрата поезија…
Круна
Долга песна

Наскоро ќе наполнам четириесет, сè уште се лажам себеси и другите.
Кажувам шеги за мојот живот, омилена ми е онаа за планината.
Кога имаш триесетина, се чини дека се качуваш,
но потоа, кога одеднаш си на врвот, ужаснат гледаш надолу,
си го бришеш челото и почнуваш да се симнуваш. Јас се симнувам.

Не сум секогаш сигурен дали е тоа добро или лошо,
но забележувам нејзе ѝ е сеедно, таа е единствената, која знае
дека сум ја видел само од едната страна, дека никогаш не ќе стигнам до врвот.
Најмногу што може да ми понуди е илузијата со која живеам.

Планината е мојот заштитник, единствената убедлива лага.
Еден ден, кога веќе не ќе ја гледам, не ќе забележам
дека е предоцна. За тоа сега не треба да се плашам. 8 е наутро,
Јоже одамна се разбуди и излезе во потрага по совршена светлина.
Време е да појдам на другата страна, ако не сакам да станам стар
лажго, како толкумина во градов.
Прости што доцнам. Но, зарем не е сеедно?

АвторЕсад Бабачиќ
2018-08-21T17:21:15+00:00 октомври 17th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 56|