Денес постојат во светот
Стотици тони експлозивен материјал по глава на жител
А колку милиграми поезија постојат, ве молам?
Ме праша еден полковник.
Животот се брани со оружје,
не со хуманистички стихови.
Еден фудбалер, на пример, денес чини милиони долари.
А колку чини еден поет, ве молам?
Ме праша директорот на банката.
Не даваме кредит за поезија
Бог им помага на оние што веќе имаат
Среќен или не
човек и онака ќе си умре
Пиј си ги лековите и не бери гајле
Ми рече психијатарот
Tempus dolores tua delebit
Poesia non muori