Да му простиме на мажот
Што ѝ врзал шлаканица на жената
Да ѝ простиме на жената
Што му ја вади душата на мажот
Да му простиме на непријателот
Како што јаболкото му проштава на црвот
Да ѝ простиме на смртта
Како што пепелта му проштава на ветрот
Да му простиме и на Бога
Кој не нѝ проштава нам.
Век на среќата
АвторЈон Милош