или
БОГОВИТЕ ДОГРАМАЏИИ ПРАВАТ САРКОФАГ ЗА ЗЕМЈАТА
Чии се штициве?
На оревот.
Чии се заковалава?
На ковачот.
Кој сум јас?
Не знаеме.
Кои сте вие?
Богови дограмаџии.
Што правите?
Саркофаг за земјата.
Зошто?
Ќе ја закопаме.
Дали се разбирате од погреби?
Да, ние сме богови.