Поезија – Теодозија Заривна

/, Литература, Блесок бр. 155/Поезија – Теодозија Заривна

Поезија – Теодозија Заривна

***

Градот на седум ветрови:

Понеделник, вторник, среда

(секој ден е нов​ ветер),

четврток, петок, сабота…

се туткам во капутот

за душата да не ми ја одвеат ветровите.

Неделa…

Ветрот од мојата земја

е тежок, оловен,

кога ќе заечи, тешко е да се собираат спомени.

Господе – тоа сме ние,

и нашите стари домови,

пуштаме гулаб​ од  куќарката,

за да можете да нè препознаете,​​

да не нѐ замените со некој друг.

Сѐ уште сме мали.

Но пред нас е сѐ.

АвторТеодозија Заривна
2025-02-11T19:04:39+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|