Поезија – Теодозија Заривна

/, Литература, Блесок бр. 155/Поезија – Теодозија Заривна

Поезија – Теодозија Заривна

Мемориска картичка

Ќе изговориш јасно, како молитва,
извадок од текст – твојата ненадминлива творба
во ќошињата на минливата тишина
на твојот сон. Во градината, зелката ќе си легне
потоната во сјаен сон по чај од валеријанa,
голтајќи го дождот до последна капка.
Како снимателот што не успева да го фати моментот,
ќе го пропуштиш бодежот на заканувачките молњи
кои ја пресекуваат и земјата и реката.
Ѕвончињата ѕвонат како мисла што се раѓа:
помалку време за живот, а уште помалку
за врутокот штедро да грга.
Низ проблесоците и громката врева,
ги снимаш на мемориска картичка сите бездомни гестови
како да се скриле во железничка станица каде за миг ќе се згрееш
и ќе се скриеш од дождот или срамот,
или од постојаната невроза – или од нечии лукави зборови
и од сѐ што подоцна ќе ја запре болката од тие зборови.

АвторТеодозија Заривна
2025-02-11T19:04:39+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|