Поезија – Теодозија Заривна

/, Литература, Блесок бр. 155/Поезија – Теодозија Заривна

Поезија – Теодозија Заривна

Граблива поезија

Би сакалa да кажам со сета скромност
и застаната троа настрана
од огромниот хор класици –
Елиот и Кавафи, Милош и Волкот,
Ана Бландијана и Габриела Мистрал –
дека поезијата не спасува.

Не може да се користи
како панцир
или барикада,
како антидепресив
или антибиотик,
па дури и како валеријана.
Лисјата на зелено нане
носат спокој,
слаткиот мирис на ружата
барем буди надеж
(без оглед што надежта често
е илузија која не се остварува).

Поезијата се храни исклучиво
со мојата крв,
се бори со грабливци
во оваа благородна кауза –
спектралната анализа
открива само агресивно црвено
со траги од јаглерод моноксид,
вино и покачен шеќер.
Бега во густата
темна шума на јазикот
и ме остава на милост на судбината.
Ме напушта, напушта, напушта…

АвторТеодозија Заривна
2025-02-11T19:04:39+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|