Баба пее
Баба пее
со колеблив глас:
Ој, во полето бунар,
орли вода пијат.
Младите не пеат со неа,
не ја знаат песната.
а мелодијата eдвај, едвај
се пробива низ изворите,
преку загубите и поминатите години.
Тешко се препознава песната,
а богами и изведувачот
меѓу брчките, избледените марами
и трите памучни здолништа.
Не давам да течат беспомошни солзи,
како последна надеж
дека светот ќе застане
и ќе ги чуе
песната и жената,
кои избледуваат како призрак
во времето
и во нашите сеќавања.