ДОМ
Камењата што се стркалаа по планинската стрмнина
еден ден беа собрани од моите родители
и со нив изградија куќа.
Март нè израдува во светли бои.
На прозорците чувавме сини зумбули в чаша.
Неделите, спиевме до подоцна,
а нè будеше мирисот на зготвените јадења.
Летото беше слатко и светло.
Игравме во дворот
трчајќи и смеејќи се меѓу овошките.
Но зимите беа студени до коска!
Звукот на далечните снежни врнежи,
како сеќавањето на камењата,
непрестајно одекнуваше низ сите соби,
сосема невознемирени
од нашите огнови.