Поезија – Мањола Наси

/, Литература, Блесок бр. 156/Поезија – Мањола Наси

Поезија – Мањола Наси


МЕДИТЕРАН

На дното на морето има свет

што не му се покорува на времето

 

свет исполнет со градови, со богатства,

со антички буриња старо вино,

со искршени и цели статуи,

со машини што бавно се нишаат

 

таму има и луѓе, толку многу луѓе;

римски војници и русокоси стјуардеси,

калифи со турбани, голи капачи,

разноразни непријатели со смирен гнев

 

на дното на морето трчаат деца

што заедно играат и се смеат,

се кријат, и пејат

и ги здружуваат рацете во долго оро

 

на дното на морето нема излез,

таму почиваат пристигнувањата и одговорите;

таму секогаш сечии очи се смирени

светлината е во нив

 

во трепет,

галејќи ги струите на длабочината

одвреме-навреме

сништата како злато потонуваат на дното.

АвторМањола Наси
2025-06-14T07:55:31+00:00 јуни 6th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 156|