1996
Навечер,
кога го затвораат добитокот,
децата седнуваат на праговите
и едно на друго си раскажуваат
приказни што ги слушнале некогаш по вечерата
од нивните баби и дедовци уморни од работата на нива.
Ги гледаат додека се враќаат:
нечисти нокти од калта,
лопати нагрнати на плеќи
како живи ветки
на стебло на изгорен даб.
А родителите се далеку.
Работат на други полиња, преку граница.
Оттаму надоаѓа реката
исполнета со отпадни води и вода за наводнување.
Со години се собираат заедно само в црква:
за Велигден,
или за на погреби,
цврсто стегајќи ги рацете
некогаш своите, некогаш туѓите.