Поезија – Мањола Наси

/, Литература, Блесок бр. 156/Поезија – Мањола Наси

Поезија – Мањола Наси


ЗМИЈА

Таму од каде што доаѓам

велат дека змијата не смее да се вознемирува,

да не ѝ се попречува патот,

да не ѝ се уништува гнездото.

 

Треба да се живее

со неа,

со главата свртена настрана,

да се гледа само „под око“,

за секој случај, да не нападне.

 

Само зиме,

кога ќе замрзне под каменот,

злото не гледа

и не се одмаздува.

Тогаш најди ѝ го скривалиштето

и убиј ја.

 

Не знам колку поколенија

живееле така.

Повремените каснувања им ја затруле крвта.

 

Молчаливо и тивко го чекале

вистинското годишно време,

вистинскиот момент,

гнездото без младенчиња.

 

Змијата во тие краишта се чувствува безбедно.

Си ја менува кожата пред нив

небаре ракавица што предизвикува на дуел

низ дворовите

си пее шепотливи песни.

 

Тие ја чекаат

месечевата моќ на нивните плеќи.

А знаат ли дека во снегот

убиваат веќе мртва змија?

АвторМањола Наси
2025-06-14T07:55:31+00:00 јуни 6th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 156|