Поезија – Мањола Наси

/, Литература, Блесок бр. 156/Поезија – Мањола Наси

Поезија – Мањола Наси


МОСТ

Овде има мост и се гледам себеси

како се нишам на него.

Водата, небото, попладневната светлина, дрвјата,

пукнатините меѓу темните и мовливи камења,

вилински коњчиња, ветрето што го создаваат со крилцата.

 

На брегот крај реката нема жива душа.

 

Мостот е овде и јас се нишам на него

како дете во лулка, што се надева дека ќе порасне.

Но јас сум пресекот меѓу она што бев и ништото,

неповолното минато,

каде што сегашноста е во небрано.

 

Имплицитните ветувања вредат помалку од изречените.

 

Мостот сум јас, и јас сум мостот.

Тоа што започна како обично жртвување

со ѕидање, за да не се урне мостот

ми даде крута слобода

по желба, да не пропаднам ниту јас,

сега кога треба само камења да носам.

 

Овде веќе никој не поминува, но мостот стои.

АвторМањола Наси
2025-06-14T07:55:31+00:00 јуни 6th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 156|