Поезија – Мањола Наси

/, Литература, Блесок бр. 156/Поезија – Мањола Наси

Поезија – Мањола Наси


ПЕСНИТЕ СЕ ИЗБОР ОД СТИХОЗБИРКАТА „ЕДНО И ПОЛ ПАТУВАЊЕ“, ПНВ ПУБЛИКАЦИИ, 2024

Превод од албански: Моника Митрева


 

СЕСТРИ

Јас сум третата сестра,

таа што се омажи далеку.

 

Триаголникот е најиздржливата форма во природата.

Силата подеднакво се распространува.

 

И потоа, се знае што велат бајките.

 

Без борбените принцови и без маќеите,

ни преостануваше сосем мал избор.

 

Ноќе нема да нè видите на небо

во лет, со планови и со клетви

(не мислете дека не можеме).

 

Сега трите сме седокоси.

Нашите деца пораснаа.

 

Ја мешаме супата до зори.

Секоја со себе донесува тоа што може:

некогаш месо, некогаш крв, некогаш сол,

а некогаш само празни раце.

Потоа се разидуваме пред да зазори.

 

Бајките со право предупредуваат.

Силата подеднакво се распространува.

АвторМањола Наси
2025-06-14T07:55:31+00:00 јуни 6th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 156|