6.
Походот продолжува
во планините.
Ја знам јас оваа планина:
Нема болка на сиот свет
што е повисока од неа.
Една стара рана
се качува нога врз нога
по скоравените долови.
Бразда бистра вода
си бара нов дом
во жедна душа.
Болни лисја
висат скоравено
ко кревки напрстоци…
Го знам јас наследството
од птиците и луѓето:
тишината, празнината.
Затоа, походот продолжува.