Поезија – Зоран Анчевски

/, Литература, Блесок бр. 124/Поезија – Зоран Анчевски

Поезија – Зоран Анчевски

1
2
Магла
4
5
6
Привид
Последниот поход
Поплака на стариот воин
Доаѓања – заминувања?


5.

Сега кога веќе си стасал под остриот врв
од Шарената планина на старите луѓе
и знаеш дека тоа е крајот – потаму веќе нема,
ветерот ти праќа тивки птици-морници.

Ако има некој звук што со себе би го зел
во последното царство на тишината,
тоа е песната на ветерот што го тера морето
саноќ да бакнува намовнати карпи на брегот.

Ако има некој клуч што со себе би го зел
пред портата од царството на сенките,
тоа е шепотот на ветерот што ја тера врбата
саноќ да ги гали јадрите бедра на потокот.

Пред да те наваса облакот од западниот гребен
што говори на немушт и древен јазик,
го гушкаш трњето врз намовнатите карпи
и ја отклучуваш портата на сенките.

Ох, колку долг,
колку долг е патот пред тебе!

АвторЗоран Анчевски
ПреводЗоран Анчевски
2019-04-16T10:33:39+00:00 март 30th, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 124|Tags: |