Поезија – Зоран Анчевски

/, Литература, Блесок бр. 124/Поезија – Зоран Анчевски

Поезија – Зоран Анчевски

1
2
Магла
4
5
6
Привид
Последниот поход
Поплака на стариот воин
Доаѓања – заминувања?


4.

Сини завеси чад те делат од стварноста
што e кошмарен сон во кој те гонат
толпи луѓе и оживеани автомобили,
рикши, мотори и механички слонови.

Кучињата заслужено ги зафаќаат аглите
од сенчестата страна на улицата.
Минуваш крај нив на стаклени нозе,
им го признаваш пророчкото присуство.

Јазикот што го слушаш е јазик на страдање.
Го страдаш без да го говориш.
Јазикот што го знаеш е негово наречје
и секојa клетка ти е слог од нечитлив речник.

Во овој нестварен град легнуваш со тело
што изутрина е сал мешунка
во која бабри и се множи монсунот –
дождовна си капка што учи да оди во поход.

Колаба, Бомбај, 2016

АвторЗоран Анчевски
ПреводЗоран Анчевски
2019-04-16T10:33:39+00:00 март 30th, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 124|Tags: |