ПЕСНИ ОД КНИГАТА „СКАПО Е СОНЦЕТО“, САМОСТОЈНО ИЗДАНИЕ, 2025

/, Литература, Блесок бр. 156/ПЕСНИ ОД КНИГАТА „СКАПО Е СОНЦЕТО“, САМОСТОЈНО ИЗДАНИЕ, 2025

ПЕСНИ ОД КНИГАТА „СКАПО Е СОНЦЕТО“, САМОСТОЈНО ИЗДАНИЕ, 2025


ИСУС ИЛИ ЛЕНОН?

 

Немам време за мртвите,

а сè помалку и за живите.

Некоја будала ме прашува: Исус или Ленон?

Ленон, се разбира. Не им верувам на

верниците, а ни тие мене.

Мислат дека, кај и да е, ќе престанам

да верувам дека не верувам.

 

Се забрзува ротацијата на планетите,

а со неа и времето што лета како

Кристофер Ривс во улога на Супермен.

Она зад мене станува сè понејасно и поматно.

 

„Да живее сонот! Зашто сонот е неактивност.

А неактивноста е единствена природна

состојба. Секоја активност е распаѓање…“

Сергеј Довлатов е еден од малкуте писатели

што во последно време може да ме насмее.

 

Немам веќе време за повеќето, а богами

ни тие за мене.

Трчам кон староста како момче кон љубената.

Секој дел од животот е кратка бесконечност.

И целиот живот, сè до неговата конечност.

Одвај чекам никогаш да не умрам.

АвторЈовица Ивановски
2025-06-14T07:56:39+00:00 јуни 6th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 156|