ЗА ЖИВИТЕ СЀ НАЈЛОШО
Сандакот за моето
мртво тело ќе се
изделка од сè уште незасадено дрво.
Костумот ќе ми го шие сè уште нероден шивач.
Гробарите што ќе ме затрупуваат сè уште
немаат фатено детска лопатка в рака.
Актерот што ќе чита песна над дупката
сè уште нема прозборено…
Ма тресам глупости – сè е веќе
одамна подготвено.
Чекам само да го погребаат отецот
кој во моментов е тинејџер и
само што се навлече на хорс.
Амин!