ПЕСНИ ОД КНИГАТА „СКАПО Е СОНЦЕТО“, САМОСТОЈНО ИЗДАНИЕ, 2025

/, Литература, Блесок бр. 156/ПЕСНИ ОД КНИГАТА „СКАПО Е СОНЦЕТО“, САМОСТОЈНО ИЗДАНИЕ, 2025

ПЕСНИ ОД КНИГАТА „СКАПО Е СОНЦЕТО“, САМОСТОЈНО ИЗДАНИЕ, 2025


ДО СЕМОЌНИОТ

 

Сè уште не си ми се прикажал

(значи ли тоа дека не постоиш?).

Згрешив ли што не ѝ се приклонив

на ниту една религија?

Што сите луѓе ги третирав еднакво?

„Водачот“ е мало маче за злосторствата што

досега ги сториле твоите филијали –

независни се или со полномошно?

(Сакам да видам копија од нотар!)

Не си ништо повеќе од стрип-херој,

кој, за жал, никогаш нема да успее да

го спаси светот – ни од измислените,

ни од вистинските непријатели.

Едно ти признавам, феномен си.

Владетел со немоќта, со глупавоста,

со несигурноста, со ненајденоста…

Заблуда на првите луѓе кои, помеѓу два лова,

немале попаметна работа, па се обидувале

да размислуваат, да го спознаат она што

нам до ден-денес не ни е јасно.

АвторЈовица Ивановски
2025-06-14T07:56:39+00:00 јуни 6th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 156|