ЛЕТОТО САМО ШТО ЗАВРШИ
Цутат рози во дворови.
Мириса на рендани јаболка.
Боси нозе газат гроздови
за виното да има шмек.
Вреќите со црвени пиперки
ќе завршат во тегли од мајонез.
Скапо е сонцето – ми вели
соседот отспротива.
Точно е дека поскапе,
но само затоа што
ѝ падна цената
на сенката.