КОЛИБА НА МОРЕ
(Во сонот сон)
Осакатена маса и
триножник со две нозе.
Врз бастунот се потпира ограда.
Мозаик од разнобојни плочки
нареден во совршен несклад.
Ова ќе биде твоето последно царство,
твојата иднина, твоето бегство.
Овде би можел и да почиваш,
на искосените гробишта
недалеку од колибата,
со крстови ко перископи
загледани во морската шир.