ДВОЅВЕЗДИЕ
Сонцето за последен пат
ѕирна од врвот на брдото –
како стар воајер,
како љубоморен сопруг,
како атентатор низ нишан на снајпер.
Ја дочека Деница
и се прибра во одајата.
Знаешe дека наскоро ќе се
појават и другите ѕвезди.
Кој ги рецка – си рече,
во нив нека зјапаат младите
вљубени мајмуни и оние што со
телескопи трагаат по нови соѕвездија.
Јас моето го открив пред многу години,
кога со саканатa броевме ѕвезди
на креветот во нашата
беспрозорна мансарда.