НА СИГУРНО СТЕ
(Од туристичките
понуди за Македонија)
Кај нас е најсигурно.
Немаме ние пловни реки
и неосвоиви планински врвови.
Ни вулкан, прашума, пустина, море.
Кај нас природата е пристојна и не оди
во крајности.
Овде ветрот нема од каде да земе голем залет.
Овде елементарните непогоди се скромни.
Овде не би можел да порасне Кинг Конг.
Овде не би можел да опстои Јети.
Овде лавови и тигри има само
во зоолошката градина.
Овде може (евентуално)
да ве касне комарец,
или, не дај Боже,
некоја лута оса.