ТАМАН СМЕ
Сакам да ослабам како во
очите на Џакомети.
Да прочитам книга што ќе ми го дига.
Да застанам пред огледалото без
да му се плазам.
Сакам да престанам да си играм
мајтап со себеси и светот.
Да речам: она што беше, беше,
сега ќе биде она што ќе биде.
Но настојчивото ѕверење во иднината
може да го замати минатото,
а тоа не е добро за сегашноста.
Сè е поврзано, затоа се губам.
Јас и ти сме парот што седи
на клупата на Хенри Мур.
Ти кралица, јас клошар.
Не сме ни во рајот,
ни во пеколот.
Дома сме.