ЖИВИТЕ ПОЕТИ
(За некои други времиња)
Поетите не одат
во рај, ниту во пекол.
А умираат секојдневно.
Сеедно, само некои
траат вечно.
Некои умираат млади,
некои се предолго живи.
Некои се самоубиваат,
некои се самопомилуваат
Од глад или од студ.
Од пејотл на пруга.
На дрво во Загреб.
Од жед на Булеварот
на самракот,
од куршум на Лопушник…
Живите поети не мора
по секоја цена да станат
успешни додека се живи.
Живите поети треба
само да умрат.