СТАСАНИ ЗА ПАТУВАЊЕ
Го испраќаат денот и како
деца на екскурзија му мавтаат
низ отворениот прозорец.
Нема нови почетоци за оние на
кои им се виѓава крајот.
Вчерашната битка и утрешниот пораз.
Несреќата е на стенд-бај, несреќата
е во нивните мобилни телефони.
Крај веце-шолјата мрежа од мртви пајаци.
Недочитаните книги се ко недогледани
порно филмови (не им се знае крајот).
Палат цигари без грижа на совест.
На чекор од она што неретко
доаѓа на двочекор.
Тука се кај што се, ОК се.
„Несреќата“ тропа на врата и
прашува: Има ли некој дома?
Нема никој – ѝ одговараат.