САМО ЛУЃЕ
На иста топка
тапкаме во место.
Едно Сонце, го знаеме тоа.
Се вртиме околу неа и околу него
(звучи сложено, како играње полка).
Од други континенти доаѓаме,
но ист океан нè спојува.
Две држави, едно брдо нè дели.
Различни јазици зборуваме,
но исто икаме и киваме.
Инакви религии, но со прсти се крстиме.
Различни култури, а слични погледи на свет.
Да се разбереме, не постои расна,
ниту, пак, национална мудрост.
Исти сме зашто сме луѓе.