ТРУП СУМ ЗА ТРУПОВИ
А како знаат дека воскреснал
доколку воскреснал само духот?
Ако го снемало телото, тогаш можеби
го украле крадци на гробови (веројатно
во медицински цели).
Останал ли сандакот или и тој одлетал
кон вечноста?
Топаловиќи, да речеме, би го украле
само сандакот, а телото
би го оставиле да воскресне.