Огледало

Огледало

Грачани (љубовници)
Виктор (Вила Ружиќ)
Огледало
Циклон
Презент. Перфект. Поезија

Поминувајќи покрај главната железничка станица, го гледам Зрињевац кој сјае во ненадејната зима: кристален, прецизен, светол и студен, како ветерот кој ги разнесува последните есенски лисја, одам и мислам колку сум среќен, се радувам дека поезијата е на добар пат, зашто е сè поблиска до она што навистина е: езотерична, домашна изработка. Доаѓајќи на книжевна вечер, посветена на мојата книга, чувствувам благодарност кон оние кои дошле, благодарност која е без каква било моја обврска кон нив и нивна кон мене, зашто не се мачам со нивните причини, за своето доаѓање никого не известив, ништо не им реков на роднините, на пријателите, речиси и на домашните ќе им ја премолчев причината за доцното излегување. Едноставно, се радувам што поезијата е на добар пат, зашто е сè поблиска до она што навистина е: езотерична, домашна изработка. И сè се повторува. И сè се повторува. И сè се повторува. И сè се повторува. И сè се повторува. И сè се повторува. Презент. Перфект. Поезија.

АвторМирослав Миќановиќ
2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 95|