ДУХОВИ
Бараме духови по ќошињата на одразите
Стравуваме од темнината на собата
во која некој починал
Мислиме дека духовите се недопирливи, невидливи,
можат да се појавуваат, да исчезнуваат како им е ќеф
Духовите се всушност поинакви
Многу се телесни и тие низ нашите тела
ги изедначуваат живите и мртвите
Тие низ нашите тела со морници, со одамна запишани
клинести букви
Кога нашата кожа за миг ќе продише а влакната
ќе се втиснат во воздухот
Тие не можат пак да се покажат кога ќе посакаат
Зависат од здивот на живите, од јазикот што е овде и сега