МОДЕЛОТ НА ЖЕНСКО ПИСМО ТКАЕЊЕ НА ТЕКСТОТ (ЖЕНСКА ПАЈАЖИНА) ВО РОМАНОТ „КУКЛИТЕ НА РОСИЦА“ ОД ОЛИВЕРА НИКОЛОВА

/, Литература, Блесок бр. 158/МОДЕЛОТ НА ЖЕНСКО ПИСМО ТКАЕЊЕ НА ТЕКСТОТ (ЖЕНСКА ПАЈАЖИНА) ВО РОМАНОТ „КУКЛИТЕ НА РОСИЦА“ ОД ОЛИВЕРА НИКОЛОВА

МОДЕЛОТ НА ЖЕНСКО ПИСМО ТКАЕЊЕ НА ТЕКСТОТ (ЖЕНСКА ПАЈАЖИНА) ВО РОМАНОТ „КУКЛИТЕ НА РОСИЦА“ ОД ОЛИВЕРА НИКОЛОВА

  1. Женското писмо како écriture féminine – за Сиксу е обезбедување на простор за автономија на другоста. Женското писмо е изразено преку куклите направени од партали и различни материјали. Куклите се метајазичен наратив од пачворна техника; а такво е и женското писмо. Темата на женското писмо во романот на Николова се огледува во темата за македонската историја во која женската историја и женското писмо се маргинални во однос на големите национални истории и наративи;
  2. Другиот – женскиот субјект како другост според Сиксу наоѓа простор во женското писмо за да може да создаде онтолошка автономија за сопствената субјективност. Другиот како концепт е присутен преку младата девојка Росица чија љубовна приказна е преточена во јазикот на нејзините кукли. Во романот на Николова клучно е претставувањето на женското  тело и субјективност како другост, абјект и маргина. Женското тело е изразено преку девојката со физички недостаток, немоста како лична и колективна асимболија на жените и културолошката  и  општествената  немоќ  на  женските субјекти.  Росица како другост и нем субјект-сведок врши спој на женската пајажина на сите гласови видени низ призмата на  женскиот  родов  субјект:  ликовите,  нараторот и авторката;
  3. Љубовта – копнежот, страста и сетилноста како женско искуство и другост се прикажани преку љубовта на Росица кон Андон. Тој ја изневерува женската желба. Љубовта во романот е поставена како однос на донжуанизам и женски копнеж. Росица копнее по љубовта и умира разочарана од лажните ветувања на Андон, кој на крајот исчезнува и не остава никаква просторна трага освен плодот во утробата на Росица.

Библиографија:

Bray, A. (2004). “Cixous, Hélène:Writing and sexual difference”. New Jork: Palgrave Macmillan.

Cixous, H. (1976) “The Laught of the Medusa”. Trans. by Keith Cohen, Paula Cohen. In: Signs, Vol.1,  No.4, Summer 1976, 875-893.

Џордан, Г. / Ведон. К. (1999). „Културна  политика: Класа, род, раса и постмодерниот свет. Скопје: Темплум.

Мијаковска, М. (2020). „Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот.“ Скопје: ЦКС.

Николова, Оливера. (2003). „Куклите на Росица“. Скопје: Култура.

Ќорвезироска, О. (2016) ‘Топлата рака на фантазијата’: (Подготовка за Оливера Николова). Во: Оливера Ќорвезироска.„Еден текст и една жена: Љубовно-критички интерпретации и ситуации“. Скопје: Или или.

Фуко, М. (2003). „Историја на сексуалноста: Волја за знаење“. Скопје: ТРИ.

Мојсова-Чепишевска, В. (2007). „Мал книжевен тестамент“. Скопје: Македонска реч.

АвторМарина Мијаковска
2026-04-14T15:31:48+00:00 април 13th, 2026|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 158|