Јован неколкупати се обиде да ѝ објасни на жена си кој е газда во куќата. Таа го слушаше, кимаше со главата, но Јован виде дека неговите зборови проаѓаат покрај неа и се губат во далечината. Кога ќе побараше да му го повтори тоа што го рекол, таа не можеше ни да бекне. Само го гледаше и трепкаше сè додека така не ја удри, што го заболе раката. Тогаш се сети на некои негови реченици, но не на сите.
Превод од српски: Румена Бужаровска
Од: Albahari, David. (2013). Male priče. Čarobna knjiga: Beograd.