ИСПОВЕД
Да се рече дека сум бестрашна —
не е вистина.
Се плашам од болест, од понижување.
Како и сите, имам свои соништа.
Но, научив да ги кријам,
да се штитам
од задоволство: сите среќи
го привлекуваат гневот на мојрите.
Тие се сестри, дивјачки —
конечно, немаат
друго чувство, освен завист.