Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

/, Литература, Блесок бр. 122/Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

Вовед
Декамуфлирање на симптомите
Науката и паралените унивезуми
Создавање на паралелни универзуми во американското општество
Колку и да се само запознаваме, сè уште сме самозапознаени во истиот универзум
Мелани Клајн
Џојс Бајерс = Мелани Клајн
Заклучок
Референци


Знаејќи го ова, Клајн започнува да комуницира со Ричард преку игра, и наместо да го советува со говор, таа тоа го прави симболично преку игра. Мелани Клајн всушност успева да го воведе малиот Ричард во Симболичното ниво. Недостатокот на љубов и внимание од родителите и проблемите со Едиповиот коплекс, резултираат со психички развиток без „името на таткото“. Ричард е субјект без „означувач“ и за него не е возможно да воспостави контакт со Симболичното и Имагинарното ниво, а преку тоа и да го разбере и да се соочи со Реалното ниво. Така физиолошките промени и промените во семејството за него се необјасниви и Реалното ниво се распаѓа.

Мелани Клајн го дава „името на таткото“ и преку игра го учи Ричард како да направи врска меѓу тоа што му се случува и како тоа изгледа во реалноста. На тој начин, Ричард успева да се саморазбере. Воедно и преку игра го учи момчето на симболичните правила на игра, за да потоа самиот може да се социјализира.

Џојс Бајерс = Мелани Клајн

На почетокот на втората сезона во „Чудни работи” (Stranger Things), Вил Бајерс, едно од двете деца на самохраната мајка Џојс Бајерс, и еден од главните протагонисти во серијата, е прогласен за исчезнато лице, а полицијата е во безуспешна потрага. Вил е всушност заробен во паралелен универзум, во ѕидовите на сопствената куќа. Се обидува да комуницира преку телефон, но мајка му успева да слушне само звуци од статика. Потоа се користи со божиќни декоративни светилки, светилки кои никој не ги разбира, сè додека Џојс, откако веќе тотално ги исцрпува сите обиди да го пронајде Вил во овој свет, започнува да забележува шема (patterns) во светкањето. Како во Оиџа табла (Ouija board) од шемата на светилките создава зборови за да на крај добие насока од синот на кое место да копа во ѕидот. Тоа го прави успешно и Вил е извлечен и вратен во оваа димензија.

Џојс всушност го прави истото што го прави Клајн во случајот со малиот Ричард. Исцрпена и подготвена на сè за да го пронајде својот син, таа ја прифаќа играта, исто како и Клајн, која откако сите обиди за говорна комуникација со Ричард не водат никаде, заклучува дека само преку игра е можно да се воспостави комуникација. Како што Вил преку светилките ја насочува мајка си да копа на точното место во ѕидот, така и Ричард преку треснување на возот од ѕид и бегање во темниот простор да се самоказни ѝ опишува на Мелани Клајн што го мачи. Вил е исчезнат (gone) во ѕидовите на својата куќа, а Ричард кога е во темниот меѓупростор извикува „gone”. Вил заробен во другата димензија е осуден на распаѓање исто како и психолошката структура на Ричард во реалниот свет.

Сеансите на Мелани Клајн со Ричард се одвивале во 1941 година, а 75 години подоцна е емитувана првате епизода на втората сезона од „Чудни работи“. Меѓутоа, поставени едно покрај друго, делува фасцинанто колкава е сличноста меѓу култната сцена од „Чудни работи“ и случајот со малиот Ричард.

АвторБорис Тасков
2018-11-30T13:18:05+00:00 ноември 2nd, 2018|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 122|