Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

/, Литература, Блесок бр. 122/Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

Вовед
Декамуфлирање на симптомите
Науката и паралените унивезуми
Создавање на паралелни универзуми во американското општество
Колку и да се само запознаваме, сè уште сме самозапознаени во истиот универзум
Мелани Клајн
Џојс Бајерс = Мелани Клајн
Заклучок
Референци


Мелани Клајн

Како што веќе спомнав, работата на Лакан во огромен дел води корени од теоријата на Мелани Клајн, која претежно се занимавала со психоанализа на детството. Сличностите може да се увидат преку еден од случаите на Клајн.

Ако Човекот волк е еден од најпознатите пациенти и случаи на Фројд, тогаш за Мелани Клајн тоа е случајот со 10 годишниот Ричард. Ричард имал навика да биде негативен кон родителите, покажувал отсутност, но и периодична анксиозност. (Kristeva, 2001, pp. 104 – 111.) Покажувал знаци на аутизам. До ден денес различни автори (Виконти, Кристева, Лакан), различно ја толкуваат дијагнозата, но во едно нешто сите се сложуваат – во генијалноста на Клајн што преку игра со момчето успева да му овозможи понатамошен нормален психолошки развиток.

Клајн макотрпно работела на овој случај, дури 96 сеанси, при што се обидувала да ги најде причините за појавата на проблемот. Заклучила дека на Ричард не му е посветено доволно внимание од родителите, и дека неговата дадилка, и покрај тоа што имала одличен однос со него, откако го фатила на дело како мастурбира, го казнила да седи во затворена темна просторија. Па така, Ричард бил оставен без никаква љубов или внимание од повозрасна личност.

Како што минувало време, Клајн приметила дека единствен начин на којшто може да се комуницира со Ричард е преку играта. Па така, во една од сеансите Мелани клекнала на колена и започнала да си игра на исто ниво како Ричард. Всушност Клајн сфатила дека ако му поставува прашања на момчето, не добива одговор, не бидејќи Ричард не сакал да комуницира, туку бидејќи Ричард немал јазик и говор за да даде одговори на прашањата. Но преку играта Ричард место да каже можел да покаже. Па така еден ден Клајн започнала игра со возови: „Ричард, ако овој воз е тато, а овој мама?“ и Ричард го зема возот-тато и го треска од ѕид, за веднаш потоа да се скрие во темниот простор помеѓу двете соби, мал и тесен ходник, и да извика „нема“ (Gone).

Клајн од овој потег и начин на игра заклучила дека малиот Ричард има страв од таткото, произлезен од ненормалнато разрешување на прашањето на Едиповиот комплекс. Ричард имал омраза кон таткото, но сепак ја знаел важноста на таткото во семејството, па затоа, откако го удира возот во ѕид, бега и се крие во темниот простор меѓу двете соби и така се самоказнува бидејќи кога ќе направел нешто лошо, дадилката го носела во темна просторија да седи сам под казна.

АвторБорис Тасков
2018-11-30T13:18:05+00:00 ноември 2nd, 2018|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 122|