Да се насмее пес

////Да се насмее пес

Да се насмее пес

Збирка раскази од Оља Савичевиќ Иванчевиќ (2009)

Превод од хрватски: Игор Исаковски

Едиција Урбан флуид, книга 10

Оља Савичевиќ Иванчевиќ знае да го преработува она што во животот го прочитала, да персифлира, да имитира и да ги менува сопствените авторски личности, значи, да го прави сето она што повеќето нејзини современици, кои ги немаат сите петки, никогаш нема да можат да го сторат. Миљенко Јерговиќ, Најдобри хрватски раскази 2006 Шарена и храбра книга од смела и инвентивна авторка. Бучниот и незаузден стил, растреперен од емоции, е зачинет со многу убав завршеток. Ја оставате книгата, возбудени, и си мислите: Еј! Ова се вика книжевност. Deutschlandfunk Хрватската писателка Оља Савичевиќ ни ги обзема сетилата со нејзините прекрасни раскази за рак на дојка, анорексија и ропство. Таа нема намера да ја поттикне тежината на овие теми, но тие некако се прикрадуваат во нашата свест. Одеднаш сме загубени во оваа хипнотичка магла и не можеме да избегаме. Ниту сакаме. blond Тука се измешани сите зачини на југот, горчината на секојдневието со веселиот ужас кој се крие во нештата. И во зборовите. Со причина добро прифатена книга каква до сега не сме имале, на еден свет кој е доволно посебен што со право веќе сега можеме сериозно и со копнеж да прашаме: Оља, пишуваш ли нешто ново? Ивица Пртењача, Глобус

Цена: 170 ден.

Купи

ISBN 978-9989-928-99-4, 12×17 см., 168 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
  • Извадоци од критиките
АвторОља Савичевиќ-Иванчевиќ
2018-12-04T11:46:14+00:00 декември 6th, 2012|Categories: Урбан флуид, Проза, Книги|