Учител на љубовта

////Учител на љубовта

Учител на љубовта

Роман од Јосип Ости (2008)

Превод од хрватски: Игор Исаковски.

Едиција с.р., книга 02

„Мозаичниот роман“ во различните приказни проблеснува со поинакви бои, пред нас се одвиваат сцени од едно минато време, кога можел најдобар учител на љубовта да биде гулаб, а телото на хартиеното коњче извор на вести и реченици за читање, кога, после војната, покрај сиромаштијата, затворите и поправните домови, постоела магичноста на раскажувањето. Остиевиот роман овозможува увид во чувствителната детска душа, повторување и будење на доживеаното во детството, а истовремено при тоа се отсликуваат надворешните, историски настани од тоа време. А со неговите зборови кажани, и обичните случки стануваат необични и волшебни. Катја Клопчич („Содобност“, Љубљана, април 2004 г.) Раскажувањето на Ости е сочно, искричаво, автентично, значенски згуснато, полнокрвно и изразно богато – со еден збор: оптимално во сите свои поетски, раскажувачки и содржајни елементи. Виктор Коњар, (Радио Словенија, емитувано на 7 август 2004 г.)

Цена: 400 ден.

Купи

ISBN 978-9989-928-74-6, 14х20 см., 240 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторЈосип Ости
2018-12-06T10:48:41+00:00 декември 5th, 2012|Categories: Проза, Современ роман, Книги|