Книга за Уна

Книга за Уна

Роман од Фарук Шехиќ (2014)

Превод од босански: Игор Исаковски.

Илустрации и корица: Илустрации и корица: Александра Нина Кнежевиќ

Едиција с.р., книга 38

Награда Меша Селимовиќ (2011)
Награда за литература на ЕУ (2103)

„Книга за Уна“ е сведоштво дека книжевноста е способна да помогне, дека има активна терапевтска функција, но не само тоа. Оваа книга е сведоштво дека литературата може да досегне и да му овозможи на читателот увид во метафизичката структура на светот, да ги направи нештата блескаво јасни. Едноставно, се работи за ремек-дело. Владимир Арсениќ E-novine

„Книга за Уна“ на Фарук Шехиќ е можеби најубаво напишаната книга за една од најгрдите, најодвратните војни кога било… Оља Савичевиќ Иванчевиќ tportal.hr

Со тоа секако е поврзан бесот, вкусот на бесмисленост и пораз. Во тоа лутење Шехиќ е поетски интуитивен, отворен, па на темата војна успева да го забележи она страшното, и тоа однатре, од потресеното прво лице. (…) Стекна име – и преводи – со поезија и со раскази („Под притисок“). Романот „Книга за Уна“ е добра, од војната потресена проза. За несмирените. Роберт Перишиќ Globus

Без оглед дали сонуваната книга на Хусар, како темел на некоја нова култура, е воопшто можна, луѓето формирани на литературата каква што е онаа на Шехиќ или на филмовите како што е „Валцер со Башир“, малку потешко ќе бидат регрутирани за „свети“ цели отколку сите оние воспитувани на културните обрасци за херојот и жртвата… Драшко Луковиќ Al Jazeera Balkans

Цена: 400 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-579-0, 14×20 см., 226 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторФарук Шехиќ
2021-03-24T22:48:50+00:00 февруари 18th, 2014|Categories: Проза, Современ роман, Книги|