Дваесет и првиот, II издание

////Дваесет и првиот, II издание

Дваесет и првиот, II издание

Роман од Томислав Османли (2010)

Едиција с.р., книга 12

Награда „Роман на годината“, „Утрински весник“, 2009;

Македонски кандидат за наградата “Балканика“, 2010.

Томислав Османли напишал елегантен, мистичен, интелектуално рафиниран, раскошно структуриран роман за потрагата по тајниот премин кон подоброто утре, кон подобрите места, кон вечноста која наликува на митската змија што се храни од својата опашка. Роман што воодушевува и што се чита со едно отворање на кориците. Венко Андоновски Што напишал Томислав Османли, за толку да нè восхити? Најкратко: нешто што во нашава литература не го направил уште никој. Еден вехементен роман за тегобниот дваесет и први век, македонски и светски, ама роман кој не е литераризиран според логиката на книжевниот текст, туку на технолошките стандарди на компјутерските игри. Јелена Лужина За мене Османли е еден од најдобрите домашни автори, но дури и да не се согласувате, Дваесет и првиот треба да се најде на вашата листа за читање бидејќи е храбар, сочен, полн со изненадувања и блиски слики. Златица Петковска Овој роман ја крева (и) нашата средина, и сите нас, повисоко горе, на рамништето на светот од дваесет и првиот век, век кој до душа не е ни малку лишен од тегобност, свет во кој сите талкаат наваму-натаму, барајќи го центарот на, како што во друг контекст вели Елијаде, „апсолутната реалност“ во себе. Димитар Башевски За дефинитивната одлука претежна очекувањето дека со Дваесет и првиот, со таа „книга на фантазми“ од Томислав Османли се појавува нов протагонист на највисоката платформа од македонската романескна мапа. Науме Радичевски

Цена: 400 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-338-3, 14×20 см., 288 страници  корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторТомислав Османли
2018-12-21T10:46:24+00:00 декември 7th, 2012|Categories: Проза, Современ роман, Книги|