Горе на ридот при помрачување на сонцето

////Горе на ридот при помрачување на сонцето

Горе на ридот при помрачување на сонцето

Роман од Ѓерѓ Конрад (2014)

Превод од унгарски: Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов.

Едиција с.р., книга 43

По Заминување и враќање, првиот дел на автобиографскиот роман на Конрад, Горе на ридот при помрачување на сонцето содржи слики, приказни, настани од животот на еден интелектуалец од Средна Европа, од прерано созреано момче, преку ученик кој бега од часови за да може да чита и студент во револуционерните денови, па сè до стариот писател; тука се неговите размисли, расудувања за животот и сите негови пресврти, за љубовта и семејството, за сопствените писателски интереси, за пишувањето во илегала, за времето на транзицијата, па до статусот на признаен писател и мислител, претседател на меѓународниот ПЕН и паралелно со тоа, со стареењето, постепеното повлекување, во двојниот дом на Балатон и ридовите на Будим, каде што човек може да го сумира направеното, да црпи енергија за она што уште го чека, бидејќи животот има смисла сè додека го живееме…

Цена: 550 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-613-1, 14×20 cm., 384 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторКонрад Ѓерѓ
2018-12-21T10:45:06+00:00 август 10th, 2014|Categories: Проза, Современ роман, Книги|